ЛДП: Нов мандат на Тодоровиќ за нова Зебра?

Од:

Објавувањето на кандидатурата на досегашниот градоначалник Тодоровиќ за ЛДП  не претставува никакво изненадување, бидејќи, велат, официјалните економски податоци за бизнисот на градоначалникот на Центар  покажуваат дека откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, за последниве шест деловни години остварил профит од над 16 милиони евра. И тоа, во услови кога најголемиот дел од македонското стопанство пропаѓа, а илјадници фирми се затворени или се со блокирани сметки.

„За четиригодишниот мандат на Тодоровиќ најдобро говори тажниот факт дека негов најголем реализиран проект во општината Центар е изградбата на неговиот приватен проект „Зебра“, кој од предвиден јавен паркинг прерасна во негов приватен трговски комплекс.Оттаму, станува сосема јасно дека на ВМРО-ДПМНЕ и на Тодоровиќ им е потребен нов мандат за  изградба на нова Зебра“, стои во реакцијата на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори