Раб: Расте опасноста Британија да ја напушти ЕУ во март

Од:

Британскиот министер за напуштање на Европската унија Доминик Раб изјави дека Брегзит ќе се изврши и суштински, а не само преку формално заминување на Британија од ЕУ.

Раб упати порака до преговарачите од Брисел дека Британија не е подготвена бесконечно да прави компромиси и дека со европското одбивање да се прифати компромис за идните односи, расте опасноста Британија да ја напушти ЕУ во март без договор.

Изјавата на Раб доаѓа по неуспешниот самит во Австрија на кој европските водачи го отфрлија таканаречениот Чекерс план на британската премиерка Тереза Меј, кој предвидуваше Британците и во иднина да останат во голема мерка обврзани од регулативите донесени во ЕУ.

Владејачката Конзервативна партија одржува конференција во Бирмингем на која се дискутира за Брегзит, и од каде Раб рече дека британското трпение има граници.

– Мојот пристап кон Брегзит е прагматичен а не догматски. Нашите предлози водат кон тоа да имаме историски договор кој ќе ни обезбеди билет за излегување од ЕУ и конечен договор кој ќе биде добар за целата земја. Но, нашата подготвеност за компромис не е бесконечна. Ние ќе ја напуштиме ЕУ и фактички, а не само формално, изјави Раб.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно