Нов проблем стави крај на сезоната за Енди Мареј

Од:

Поранешниот бр.1 во светскиот тенис, Енди Мареј предвреме ја прекинува сезоната. Тој отпадна во четвртфиналето на турнирот во кинескиот град Шенжен од Фернандо Вердаско и ден подоцна објави дека повеќе нема да игра оваа година.

Причината за повлекувањето на Мареј е уште една повреда. Тој има проблем со глуждот поради која неможе да настапи во други натпреварувања во 2018 година. Следното учество во турнир е закажано во Бризбејн во јануари следната година.

Енди Мареј се врати во средината на оваа година по 11-месечно лекување на повреда, но продолжува да се бори и не може да ја врати формата од пред проблемите. Затоа падна дури до 311 место на светската АТП листа.

Намерите на Британецот беа да настапи барем на уште еден турнир до крајот на годината, но сега тоа нема да се случи и тој ќе помине нов периодво лекување и рехабилитација, пред да се врати повторно на теренот следната година.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ