Црвенковски не ги открива адутите

Од:

Раководствтото на СДСМ, годинава ќе заборави на плажите. Бранко Црвенковски, велат во партијата е идејниот татко на проектот „Работно лето“.

Денеска со автобус со новинарите до „Козјак“, за викенд меѓу кумановчани. Ќе бидат со нив, ќе ја слушнат нивната мака и секојдневие, за да можат по нивни терк и потреби да ја напишат изборната програма. Зоран Дамјановски-Циц и по трет пат со дресот на СДСМ, ќе ја бара довербата на кумановчани.

И пред „Пиво-фест“, за десетина дена, СДСМ ќе биде во прилепско. Таму Хари Локвенец ќе се бори да го разбие досегашниот бастион на ВМРО-ДПМНЕ.

Зборуваше многу, но, Црвенковски денеска не откри многу пред новинарите. За локалната изборна трка се уште се испитува теренот, се прави сондажа на расположението. Некои кандидати, вели ќе зависат и од договорот со колаициските партнери, а за Тетово и Гостивар ќе се сочека и каква ќе биде комплетната опозициска клима. На тетовчани вели, не им е толку значајна етничката припадност, туку да се работи за квалитетна понуда за „татко“ на општината.

Актуелниот градоначалник Беџети, е личност во кој тетовци имаат доверба.За Кичево и Струга, не верува, но Црвенковски вели, можно е да се оди со единстев ен кандидат со ВМРО-ДПМНЕ, но доколку се работи за пр ифатлива личност и за двете страни.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он