Кларинетистот Ѓоревски се претстави на фестивал во Полска

Од:

Македонскиот кларинетист Ристо Ѓоревски со предавање, рецитал и мастерклас се претстави на осмото издание на Интернационалниот фестивал за кларинети Клариманиа 2018 што се одржа во Вроцлав, Полска.

Ова е прво учество на македонски уметник на овој меѓународен фестивал на кој што гостуваат реномирани кларинетисти – професори и изведувачи од најразлични држави во светот.

Оваа година Ристо Ѓоревски се претстави со тематска програма од Балканот каде меѓу другото изведе и дела од македонските автори Томислав Зографски, Благој Цанев и Дамир Имери.

Следното претставувавње на македонската култура и уметност, Ѓоревски ќе го има во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД како Дуо кларинети Ѓоревски-Бакревски, за потоа да се претстави и со целовечерен рецитал во Скопје во рамките на фестивалот Златна лира.

Ристо Ѓоревски е член на оркестарот на Македонската опера и балет, но е доста активен и како солист и како камерен музичар во државата и во странство.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска