Воениот авион Ф-35Б за прв пат беше употребен во Авганистан во борба против фиксни талибански мети, соопштија американските воени власти.
https://www.youtube.com/watch?v=6o4hUB2dfUA
– За време на мисијата, Ф-35Б изведе напад како поддршка на операциите на американските трупи на копно и нападот беше успешен, потврдија од морнаричките сили.
Авионот Ф-35Б е најскап вооружен систем во историјата, а неговиот развој беше одбележан со доцнење на производството.
Американските медиуми пишуваат дека главниот производотел на авионот „Локид Мартин“, вели дека овој авион е иднината на военото воздухопловство и дека се работи за смртоносен и сестран авион, кој комбинира способности на прикривање, суперсонична брзина, екстремна агилност и најсовремена технолгија за сензорска фузија.
Авионот Ф-35Б е една од трите верзии на авиони Ф-35 и е единствен кој може да слета вертикално како хеликоптер, поради што му е потребна помала површина.