ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија тоне, а граѓаните се се посиромашни

Од:

Јавниот долг расте, а економијата е пред колапс. Економскиот тим на Зоран Заев ја носи државата во економска пропаст, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонската економија тоне, а граѓаните се се посиромашни. Јавниот долг вртоглаво расте. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 процентни поени во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг, но раст и на внатрешниот долг“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија (за кој државата има издадено државна гаранција), како што велат од опозициската партија, во вториот квартал се зголемија за 0,3 процентни.

„Министерството за финансии објави проспекти за ново задолжување од 32 милиони евра за наредната недела додека само пред неполни две недели ги задолжи граѓаните за дополнителни 57 милиони евра. Милионите, задолжување се редат, а во реалноста не гледаме каде завршуваат парите. Нема проекти. Капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33% за првите 7 месеци од годината. Никој во државата не знае на што се трошат милионите позајмени, за кои годишно плаќаме огромни камати. Додека задолжувањата растат, реалниот сектор тоне. Граѓаните имаат се помалку пари, трошоците за живот се зголемуваат, а стандардот паѓа“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека нема капитални инвестиции, со што се доведува во прашање целокупната економија бидејќи градежниот сектор е еден од најважните и е носечки за македонската економија, а е во постојан пад.

„Граѓаните на Македонија заслужуваат подобро. За неполна година и пол македонската економија бележи најлоши резултати и е пред тотален крах. Граѓаните не живеат подобро, а единствен виновник за тоа е СДСМ и Зоран Заев“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра