Министерството за економија на Република Македонија додели признание за голем придонес во областа на туризмот на „Авалон продукција“, за фестивалот „OHRID CALLING“.
По повод Светскиот ден на туризмот 27-ми септември, Авалон Продукција доби признание за фестивалот „OHRID CALLING“ како Најуспешна туристичка манифестација во 2018 година, информираат од Авалон.
Авалон Продукција се заблагодарува на признанието и најавува уште поголемо и поуспешно издание на OHRID CALLING за 2019-та година.