Израелската армија синоќа приведе 25 членови на Хамас. Меѓу приведените тројца се пратеници, соопшти радикалното палестинско движење.
И израелската армија потврди дека привела 25 Палестинци, но не наведе повеќе детали.
Хамас наведе дека двајца пратеници биле уапсени во Хеброн, а третиот во Рамалах.
Хамас има 74 пратеници во 132-члениот палестински Парламент. Во изрелските затвори во моментот има 12 пратеници на Хамас.