Милер: Македонското ниво на долг не е загрижувачко

Од:

Македонија е една од навистина успешните приказни, таа имаше одличен пораст во економските слободи во изминатата деценија и се искачи повеќе од десет поени на нашиот индекс, вели амбасадорот Тери Милер, директор на Центарот за меѓународна трговија и економија во фондацијата Херитиџ.

Центарот работи на Годинешниот индекс на економски слободи на Херитиџ и весникот Вол Стрит Журнал.

Според неодамна објавениот индекс, Македонија се пласираше на 43. место од 177 држави, најдобра во регионот и на 21. место во Европа. Индексот ги оценува државите според начинот и нивото на оданочување, колку е тешко да се отвори нов бизнис, отвореноста на земјата за трговија со светот и владеењето на правото.

Во разговор за Македонската информативна агенција, амбасадорот Милер вели дека просторот за подобрување треба да се гледа во последната сфера.

– Секако дека има простор за подобрување, пред се во индикаторите на владеење на правото. Некогаш овие индикатори се поврзани и со културата на земјата и не може ниту да се сменат толку бргу. Воедно, Македонија се наоѓа во тешко соседство.

Според овој претставник на Херитиџ, македонското ниво на долг не е загрижувачко, но треба да се внимава на насоката на движење нa земјата.

– Долгот во Македонија се уште е под 30 проценти од БДП и мислам дека тоа не е проблематично ниво на долг. Треба да се искачите до ниво од 60 или 70 проценти, пред навистина да треба да се загрижите за влијанието на долгот врз идниот економски развој. Но, самото зголемување на долгот значи дека треба да се внимава на насоката. Важно е владите да ги стават дефицитот и расходите под контрола. Овој период е многу лошо време за владите да го зголемуваат дефицитот и расходите. Ако погледнеме какво влијание имаат на дефицитот и трошењето врз економскиот раст, може да се види дека тука има повеќе негативна отколку позитивна врска. Државите кои повеќе трошат и кои ги зголемуваат расходите имаат пониски стапки на раст од државите кои штедат, вели Милер, кој додава дека, во светски рамки, особено е загрижувачка неможноста на САД да се справат со својот долг.

Херитиџ, како една од најзначајните конзервативни институции во САД, предупредува и на други проблеми поврзани со државната потрошувачка.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница