Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс постигнаа минимална победа на гостувањето кај Детроит со 98:97.
Најдобар поединец на натпреварот беше Пау Гасол со 23 поени и 10 скокови и притоа го запре последниот напад на „клиповите“ кога Детроит Пистонс преку Андре Драмонд се обиде да дојде до победата.
На другите два синоќешни натпревара во НБА лигата постигнати се овие резултати: Торонто – Мајами 85:100 и Бостон – Лос Анџелес Клиперс 106:104.
Вечерва на програмата се натпреварите: Индијана – Чикаго, Филаделфија – Орландо, Вашингтон – Лос Анџелес Клиперс, Њујорк – Детроит, Мајами – Шарлот, Оклахома Сити – Далас, Минесота – Портланд и Јута – Сакраменто.
Пласман Источна конференција: Мајами 30-14 (победи-порази), Њујорк 30-15, Чикаго 29-18, Бруклин 28-19, Индијана 28-19,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 38-11, Оклахома Сити 35-12, Л.А.Клиперс 34-15, Мемфис 3016, Голден Стејт 30-17,…