Одлуката за давање согласност за изменување и дополнување на инвестициската програма на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година ќе се најде на утрешната седница на Советот на Град Скопје.
Со оваа одлука се предвидува набавка на две специјални возила за собирање и транспортирање на комунален смет и странично подигнување на канти со смет, со капацитет од 2.200 и 3.200 литри. За набавката на овие две возила се зголемува оваа ставка во инвестициската програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година за 24 милиони денари или околу 400.000 евра.
Покрај набавката на нови возила, со измените во инвестициската програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година, се предвидува и набавка на 6.000 нови корпи за отпадоци за што се предвидени шест милиони денари или околу 100.000 евра.