Во просториите на Македонската кошаркарска федерација денеска беа извлечени двојките за првото коло од претстојната натпреварувачка сезона во Првата лига.
Со едногласна одлука на Здружението на прволигаши прифатено е барањето на КК Шкупи за играње во Првата лига и покрај задоцнетата уплата на котизација, објави МКФ.
Двојки за 1.коло:
АВ Охрид – Работнички
Блокотехна – МЗТ Скопје Аеродром
Пелистер – Фени Индустри
Гостивар – Кожув
Вардар – Куманово
Слободен првата рунда е Шкупи.
Сезоната ќе почне на 6 октомври, а бранител на трофејот е Работнички.