Ахмедовски на средби со граѓаните во Малешевијата

Од:

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија Аксел Ахмедовски ги продолжува средбите со граѓаните од Малешевијата каде цел на дебатите е актуелната состојба за референдумот и придобивките за Ромската популација од влегувањето на државата во ЕУ и НАТО.

На последно одражаната средба во село Црник, пехчевско, Ахмедовски упати апел до сите масовно да излезат да гласаат на престојниот референдум за просперитет и напредок за граѓаните Роми.

– Освен за референдумот, на работните средби граѓаните ги истакнуваат секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Конкретно во Црник најголем акцент на разговорите беше ставен на долгогодишниот проблем со чиста вода за пиење, вработувањето и поголема активност на Општина Пехчево во овој дел, информираше Ахмедовски.

Со помош на министерство со кое раководи Ахмедовски и имплементација на Декадата и стратегијата на Ромите во Пехчевски Црник деновиве започнува реализација на проектот за асфалтирање на главната улица во селото, финансиран од Министерството за транспорт и врски. Во склоп на тоа жителите дадоа безрезервна поддршка на работата на министерот и изразија задоволство од неговата посетата.

Според граѓаните на Црник за престојниот референдум треба да се излезе и да се даде својот глас, без разлика како што велат тие дали ќе се гласа позитивно или негативно.

Ваквите средби со граѓаните од Ромската популација продолжуваат и понатаму додаде Ахмедовски, се со цел да се слушнат проблемите на најмаргинализираната група граѓани и да изнајде решение за најгорливите прашања со кои се соочувааат Ромите.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски