Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Од:

Популарниот комичар, некогаш познат и како „татко на Америка“, Бил Козби, е осуден на казна затвор од 3 до 10 години за сексуален напад.

Одбраната на 80-годшниот комичар тврдеше дека тој има ослабен вид и оти не претставува опасност кон својата околина, меѓутоа судот го окарактеризира како предатор, па поради тоа е соочен со ваква казна.

Тој ќе биде регистиран како сексуален напаѓач до крајот на животот, а ќе мора да посетува и психијатар. Исто така, јавноста ќе биде известувана за неговото место на живеење, како и за тоа ка де се движи.

Козби е осуден за дрогирање и сексуален напад на Андреа Констанд во неговиот дом пред 14 години. Тој беше обвинет во април оваа година, меѓутоа одби да говори за јавноста.

Неговите адвокати најавија оти ќе поднесат жалба за пресудата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија