Прекрасната руска тенисерка Марија Шарапова (25), по многу години криење, конечно отворено покажа дека кон својот колега и прв рекет во светот Новак Ѓоковиќ, чувствува нешто повеќе од пријателство!
Убавата Марија отвори профил на социјалната мрежа Твитер, а во листата, меѓу 30 луѓе само едно име е од светот на спортот: Новак Ѓоковиќ!
Покрај тоа што е единствениот тенисер меѓу пријателите на Шарапова, Новак е и првиот човек кога таа го побарала на Твитер и го додала во листата. Таквиот гест на тенисерката покажува дека Новак е првиот на кој што помислува и таа тоа не го крие.
Познато е дека Марија и Ноле се дружат и надвор од тениски игралишта, а многумина со години шпекулираа дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.
Интересно е тоа што Марија никогаш не ги зела за зло имитациите на Новак. Дури и многупати таа јавно ги има пофалено неговите имитации. Едно е сигурно – Ѓоковиќ има посебно место во нејзиното срце.
Сепак, Новак се безброј пати повторил дека е заљубен во својата девојка Јелена Ристиќ.