Општина Аеродром направи 50-тина нови паркинг-места во населбата Ново Лисиче со проширување на веќе постојните паркинзи на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски – Бато“.
Проширувањето на паркинзите е во рамките на тековните активности за одржување на паркиралиштата, пешачките патеки и тротоарите што се под надлежност на Општината.
– Тековното одржување опфаќа заменување на старите и дотраени бекатон-плочки на јавните и пешачките површини на ниво на целата територија, велат од општина Аеродром.