Делови од Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани утре без струја

Од:

Дел од корисниците од улиците „Есперанто“ и „Мраморец“ утре од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 11:30 до 14 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од Кондово и Водовод во село Љубин.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани, а од 8:30 до 11:00 часот корисниците од Караула Чашка, Геолошки Силекс, селата Грачани, Кондово, викенд населбите Веле поле и Кучково во општините Ѓорче Петров и Сарај.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз