Полицаец нападнал заменик командир во Струмица

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против НД.(41) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, соопштија денеска од струмичката полиција.

Имено, пријавениот вработен како полицаец во Полициска станица од општа надлежнст во Струмица од заменик командирот усно побарал да добие слободен ден на 20. септември, по што му било укажано да достави писмено барање. Н.Д. преку командирот на полициската станица доставил барање на што од страна на заменик командирот било нагласено дека распоредот се изготвува најдоцна до 12 часот и во иднина барањата за слободен ден да се доставуват навремено, заради планирање на службите на Станицата. – Пријавениот Н.Д. во канцеларијата на заменик командирот започнал на висок тон да се обраќа кон него и во еден момент го удрил во пределот на вратот, стои во соопштението на СВР Струмица.

Секторот за внатрешни работи Струмица против пријавениот, како вработен во ПС ОН Струмица, ќе покрене постапка за дисциплинска одговорност.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ