Екипата од министерството за финансии повторно најбрза на трката на бизнис секторот

Од:

Тимот од Министерството за финансии и годинава беше најбрз на Бизнис трката покрај Вардар во Скопје и освои златна штафета. Сребрена штафета освои тимот од „НЛБ Тутунска банка“, а трета на целта стигна екипата на „Телеком“ кои ја освоија бронзената штафета.

Се натпреваруваа тимови од компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти на деловно-општествената заедница. Патеката од 8 километри ја трчаа по четворица претставници од секоја компанија кои се менуваа на два километри. Тимовите беа машко – женски состав, за симболично да се покаже работната атмосфера во компаниите.

Пред трката за сите тимови беше организирана забава за учесниците за подобро запознавање.

И минатата година најбрз на штафетната бизнис трка беше тимот од Министерството за финансии.

Организатор на бизнис трката е здружението „Прв до врв“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје