Поради расправија за движење по улица во скопското село Арачиново вчера Р.Б со нож го нападнал деветнаесет годишниот Е.Р нанесувајќи му исекотини, по што побегнал.
Инцидентот се случил вчера во 15:30 часот на ул. 10 во село Арачиново во близина на џамијата.
На Е Р. му е укажана лекарска помош во ГОБ “Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.