Поранешниот стратег на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, во Рим изјави дека ултрадесничарските патриоти се „новата елита” на Европа.
– Новата елита во овие популистички движења се патриотите во општеството, изјави Бенон синоќа на форум во Рим.
Тој ги пофали популистичките лидери во Европа, а како еден од примерите ја издвои италијанската влада, пренесува Танјуг.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој исто така говореше на форумот, рече дека меѓу припадниците на ултрадесничарскиот спектар има и „вистински бранители на европските вредности“.