Утре, од 11 до 14 часот во Градски парк во Скопје кај познатата „школка“ со многу музика, забава и награди за оние кои сакаат да се испробаат на „тркалото на среќата“, Халк банка ќе ја промовира својата нова понуда – „ризико“ кредити со животно осигурување која ја реализира во партнерство со Кроациа Осигурување живот.
Настанот ќе има и хуманитарен карактер така што во текот на тричасовниот хепенинг, 60 дечиња од основните училишта Коле Неделковски, Јохан Хајнрих Песталоци и Гоце Делчев, ќе изработуваат цртежи на тема „Животот е убав“. Цртежите што ќе ги создадат децата, за што тие ќе бидат наградени со училишен прибор, потоа ќе бидат изложени во филијала на Халк банка и во текот на месец ноември ќе бидат понудени на продажба на бизнис клиентите на банката. Собраните средства ќе бидат донирани во Домот за деца без родители 11 Октомври.
Додека ги изработуваат цртежите децата ќе ги дружи Елена Ристеска, а сите оние кои ќе сакаат да се запознаат со новата понуда на Халк банка и Кроациа осигурување живот ќе можат да го свртат и „тркалото на среќата“ и да добијат награда.
Халк банка АД Скопје како една од најбрзорастечките банки во Македонија, со новата финансиска активност овозможува клиентите да можат да добијат банкарски и осигурителни услуги на едно место скратувајќи го нивното време и трошоци и нудејќи дополнителни поволности за корисниците на овие кредити.
Со полиси за животно осигурување, кои даваат сигурност од несакани случаи, на клиентите им се нудат Релакс потрошувачкиот кредит, Комфор станбениот кредит и Хипотекарниот кредит. За сите три вида кредити кои се нудат со полиси за животно осигурување, Халк банка обезбеди атрактивни услови, различни од оние кои се важат за стандардниот потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит. Разликата се однесува на можноста за земање поголем износ на кредит, можност за подолг рок на отплата, а кај одредени производи има и подолг период на отплата со фиксна каматна стапка или пониска каматна стапка
Дополнително во сите филијали на банката низ државата клиентите ќе можат да склучат и договор за стандардните полиси за животно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот и тоа на полисите basic, premium, ekskluziv и Коко детско штедно осигурување.