АД ТЕ-ТО: Работиме согласно законите и ги почитувани сите одлуки на институциите

Од:

Во насока на правилно и точно информирање на јавноста и сите засегнати страни, сакаме да информираме дека сите активности на ТЕ-ТО АД Скопје се одвиваат согласно законите на Република Македонија. Ги почитуваме сите одлуки на надлежните институции и постапуваме по нив. Сите други тврдења се обид за искривување на вистината и обид за манипулација со фактичката состојба, се вели во соопштението.

Во него се додава дека ТЕ-ТО АД Скопје ја изнесе пред надлежните институции целокупната документација и фактичка состојба и истата, согласно законите, беше прифатена, бидејќи аргументите беа евидентни. Една од засегнатите страни, во јавноста постојано изнесува тврдења кои не се засновани на факти, ниту се поткрепени со докази.

„Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители.

Со планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го поддржаа со огромно мнозинство.

ТЕ-ТО АД Скопје ќе продолжи да испорачува топлинска и електрична енергија и со сите други редовни активности, а сите вработени во компанијата ќе останат во редовен работен однос и со редовни примања, согласно законот. Тоа е во најдобар интерес на акционерите и на државата имајќи во предвид дека ТЕ-ТО АД Скопје е една од најголемите гринфилд инвестиции во Македонија која работи согласно највисоките стандарди во енергетиката и екологијата“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Битиќи: ТЕ-ТО ќе ја исклучиме затоа што е руска инвестиција, за пет години ќе се изгради грчка гасна централа

A1on

(ВИДЕО) Парното ќе поскапи многу ако не се врати цевководот на мостот на „Беласица“, се зависи од Град Скопје

A1on

Нема гаранции дека Македонија ќе има непрекинато снабдување со гас, се зависи од волјата на „Газпром“

A1on

Продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеци

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО

Катерина Ѓуровски