Истрага против три лица за разбојништво во менувачница во Тетово

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за сторено кривично дело разбојништво. Двајца од осомничените се македонски државјани, додека еден е државјанин на Република Италија.

Како што соопшти Јавното обвинителство, трите лица се осомничени дека на 18.09.2018 година, по претходен договор, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе посегнат по животот на еден вработен, извршиле разбојништво во менувачница во Тетово.

Додека двајца од осомничените чувале стража, првоосомничениот, италијански државјанин, влегол во објектот носејќи огнено оружје – пиштол што го вперил кон вработениот, му дал знак да се тргне од касата и одзел пари во износ од 20.000 евра во денарска противвредност. Потоа со туркање го однел вработениот во помошна просторија од дуќанот, по што сите тројца го напуштиле местото, а парите меѓусебно ги поделиле.

Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до судија на претходна постапка при Основниот суд – Тетово поднесе предлог за определување на мерка – притвор за тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените со решение им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ