Надал: Не ми требаат победите во овој момент

Од:

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал изјави дека не е сконцентриран на победа на првиот натпревар во Чиле, бидејќи поважно му е да се врати на „прифатливото ниво“, по повеќемесечната пауза.

– После повеќе од шест месеци отсуство од тенисот, не размислувам повторно да станам прв тенисер во светот. Тоа не го планирам дури ни кога сум во добра форма и полна кондиција на почетокот на сезоната, па нема ни сега. Мојата цел во моментов е да одам постепено, турнир по турнир, и да го дадам својот максимум на нив, да се натпреварувам, изјави Надал.

Освојувачот на 11 грем слем титули не играше откако испадна во второто коло на Вимблдон, јуни минатата година. Тој се закрепнува од повредата на тетивите на коленото, но и од стомачните проблеми.

Надал изјави дека и понатаму има проблем со коленото, така што на турнирот во Чиле ќе биде „скромен и трпелив“.

Тенисерот изјави дека откако се откажа од турнирите, дури шест пати бил на допинг контролите.

– Спортот мора да остане чист. Мора да бидеме сигурни дека ривалот не користи дипинг. Немам ништо против секоја недела да се контролираат тенисерите, вели Надал.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех