Филхармонијата со „Ново утро“ идниот четврток ќе ја почне новата концертна сезона

Од:

Свеченото отворање на новата сезона 2018/2019 на Македонската филхармонија ќе биде идниот четврток од 20 часот со концертот „Ново утро“. Ќе настапи врвниот француски пијанист Лука Дебарг, лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, кој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев.

– Едно од најтешките дела во класичната литература за пијано е токму Концертот бр. 2 од Прокофјев. Пијанистите ќе се согласат дека тоа се однесува првенствено на техничките барања кои се на граница на изводливо. Но, покрај овој силен предизвик кон кој се приклонуваат музичките уметници, ова дело поседува и врвна естетска димензија, како и силен патос кој привлекува, затоа што младиот Прокофјев го пишувал по смртта не неговиот близок пријател, а и непосредно пред Првата светска војна (1913)…, наведува Филхармонијата во најавата на концертот.

Диригент на „Ново утро“ ќе биде Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска