Околу седумстотини трговци заинтересирани за тезги на „Неготински панаѓур”

Од:

Околу седумстотини трговци од цела Македонија изразија интерес да закупат простор и постават тезга на „Неготински панаѓур”, тридневната стопанско-туристичка манифестација која започнува утре и ќе трае до недела.

– На тезгите ќе биде понудена за продажба најразлична трговска стока. Текстил, железарија, пластика, играчки за деца, прехранбени и производи за во домаќинство и слично, вели за МИА Ивица Златковиќ, секретар во општина Неготино.

Синоќа се одржа музичка вечер во старата неготинска чаршија, со бројни гости од земјава и странство. Денеска е традиционалната „Манастирска вечер”. Панаѓурот во Неготино е со најдолга традиција во Македонија, редовно се одржува повеќе од пет децении и привлекува голем број на посетители.

Би можело да ве интересира

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Маж со нож и се заканувал на сопругата

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино