А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Македонија не може да биде заложник на Црвенковски

by А1он03/02/2013 - 17:3403/02/2013 - 17:36208
Share0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска, на промоцијата на партискиот кандидат за градоначалинк на Скопје Коце Трајановски, го повика лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да учествува на претстојните локални избори.

Добивај вести на вибер

– Ако сакаш избори, ајде Бранко дојди на локални избори. Ако не сакаш, тогаш тоа е твоја одлука, но и твоја одговорност. Едно да знаеш, не може Република Македонија да зависи од твоите лични желби и лични интереси. Македонија мора да оди напред. Граѓаните сакаат напредок, победи, успеси, решавање на нивните проблеми. Тие не можат да го чекаат Бранко Црвенковски со неговите игри и лавиринти, рече Груевски.

Според него, последниве неколку дена Бранко и неговите блиски во јавноста „пуштаа“ шпекулации дека наводно ќе имало предвремени избори во јуни, септември, октомври.

– Лицитираат така и шпекулираат. Го читам тоа и го слушам по медимите, си велам, па најверојано не е до тоа дереџе да дојде Бранко, до толку да се заплетка во мрежата која сам си ја сплете, до толку да заглави во лавиринтот кој самиот го ископа. Па сега да бара излез за да ги охрабри своите членови од СДСМ дека наводно успеала неговата тактика и старегија и дека он не натерал да има предвремени парламентарни избори, рече Груевски.

Тој беше дециден дека предвремени парламентарни избори нема да има, ќе има локални избори.

– Зошто Бранко лажеш повторно? Зошто ги лажеш своите? Зошто продолжуваш и пробуваш да ја уништиш и паартијата и да и наштетиш на државата, зошто ги лажеш и малтретираш своте членови? И тоа само со една цел, мислиш дека ќе купиш време и дека јавноста нема да зборува за мајскиот конгрес на СДСМ. Никој веќе не ти верува. И мали деца знаат веќе што правиш и што лажеш, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер.

– Откако видоа, додаде, дека на нивните протести немаат голема поддршка, имаат мал одѕив, членовите на СДСМ и раководството почнаа да возат коли низ Скопје.

– И тоа е легитимно, во ред е. Не сум ги видел снимките денеска, во кои коли влегоа. Дали во нивните луксузни џипови, мерцедеси, аудија што ги имаат Игор, Радмила и другите, Ана, Минчев…или позајмиле од некој. Сега дојде време тие што имаат најлуксузни автомобили да позајмат некое поскромно возило, рече Груевски.

– Очекувам да ја видам таа ергела и се надевам дека нема да се возат во туѓи автомобили, ќе си ги возат своите, што си ги возат секој ден. И можат да бираат, некои од нив, меѓу џип и мерцедес, меѓу ауди и BMW, зашто не е по една, повеќе се. Па може и да менуваат од време на време. Но, и тоа не е најважнмо. Важно е што немаат поддршка од граѓаните, не од мнозинството, туку од најголемиот дел од граѓаните. Ова возење е само преодна фаза во која или после ќе влезат во Собранието или ќе влезат во долината на политички заборав. А со автомобилите побрзо ќе стигнат до таму, потенцира Груевски.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

Горан Наумовски01/08/2025 - 20:46

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

Горан Наумовски01/08/2025 - 18:39

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски31/07/2025 - 13:5331/07/2025 - 13:53

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски31/07/2025 - 09:0131/07/2025 - 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

Горан Наумовски27/07/2025 - 09:09

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Горан Наумовски26/07/2025 - 15:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен