Гевгелија се приклучи во Европската недела на мобилност

Од:

Општина Гевгелија со свои активности се вклучи во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, што се одвива до 22 септември во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сублимирана во слоганот „Комбинирај и движи се“, манифестацијата е организирана во духот на зелената, споделена и интелегентна мобилност во чии што рамки денеска во Гевгелија се спроведе сообраќајно воспитна акција за заштита на децата во сообраќајот.

– Децата од предучилишната возраст, за кои беше наменета акцијата, имаа прилика да се запознаат со основните сообраќајни правила за движење на улиците. Цело време со нив беа сообраќајните полицајци кои со трпение и љубов ги учеа децата како правилно да се движат по улица, рекоа организаторите.

Според предвидените активности, во сабота во Гевгелија од 10 до 11 часот ќе се одржи манифестацијата „Ден без автомобили“ со дефиле на велосипедисти во кое можат да учествуваат сите граѓани на општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија