Горан Милевски: Ќе настојуваме заедно со владата да направиме крупни чекори во демократизација и либерализација на општеството

Од:

Денеска во Александар Палас, се одржува форум на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) по повод 10-годишнината од нејзиното формирање. ЛИБСЕЕН која е основана во 2008 година во Скопје како иницијатива за собирање либерални политички партии во регионот и придонесува кон развојот на регионот преку спроведување либерални политики во политичките системи на овие земји.

На овој форум присуствуваат голем број на лидери од регионот, како и европратеници кои ќе зборуваат на тема 10 годишната соработка на земјите од регионот и перспективите на либерализмот, како и забрзувањето на интегративните процеси на земјите од ЈИЕ во НАТО и ЕУ: приоритет, политика, имплементација, интеграција.

Според домаќинот на настанот, претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на Република Македонија, Горан Милевски чест е да се биде домаќин на голем број на лидери и претставници на ЕУ.

„Чест и задоволство е да се биде домаќин на форумот на ЛИБСЕЕН, на кој присуствуваат голем број на лидери од регионот, како и претставници на Европската Унија, и други организации. Форумот има за цел да го зацврсти патот на нашата држава кон нашите стратешки партнери НАТО и ЕУ. На конзервативните балкански простори тешко е да се биде либерал и затоа ЛДП како дел од владината коалиција настојуваме да се направат структурни промени што би значело демократизација и либерализација на општеството. Со нашите чекори имаме за цел да го зацврстиме патот на идните генрации да работат на подобрување на сите сфери во општеството“, изјави претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Имено, гостите на форумот заедно со претседателот на АЛДЕ и европратеник Ханс ван Баален, денеска во 18 часот ќе бидат дел од трибината „ЗА Европска Македонија“ во Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски