Утре без струја делови од пет скопски општини

Од:

Без струја утре од осум до 15 часот во општина Гази Баба ќе бидат корисниците од Макпетрол Идризово, НЕЦЕ ПЕТРОЛ, Пивар, Здравко, улиците 1, 3, 4, 5, 6 и 7 во село Мралино, улиците 2, 3 и 5 во Идризово, Ана Ком, Мајани, Алекс Идризово, Пилко, Мак Лифт, дел од ул. 3 во Колонија Идризово, и викенд населбата Идризово преку автопатот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Утре од 08:30 до 11:00 часот струја ќе немаат корисниците од парните куќни броеви од бр. 60 до 66 на ул. „Бранко Заревски“ во населба Драчево во општина Кисела Вода, од 09:00 до 15:00 часот од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани, корисниците од ул. „Бутелски Венец“ и дел од Македонско Косовска Бригада со подулиците, во општина Шуто Оризари), дел од ул. „Призренска“ и места викани Кукине, Долни Ливади, Горни Ливади и Чешма во општина Бутел.

Прекини на струјата утре од 10 до 12 часот ќе имаат корисниците од делови од улиците „Димитар Мирачиев“, „Јордан Мијалков“ и 50-та Дивизија во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз