Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски се сретна со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија Н.Е. Хосеин Карими.
На средбата се разговараше за можностите за соработка на двете држави како и за перспективите за унапредување и подобрување на односите меѓу граѓаните на двете држави.
Директорот Сотировски истакна дека иако во минатото Македонија и Иран преку Движењето на неврзаните имале извесна соработка и ниво на односи, денес двете култури и нации се во извесна мера оддалечени. Притоа додаде дека во современото време кога светот со галопирачка брзина се глобализира во интерес на двете држави е да се отворат меѓусебно за да разменуваат искуства, знаења, вештини, како и да се запознаат подобро.
Амбасадорот Карими истакна дека наполно ги поддржува напорите на Македонија за напредок, потврдувајќи ги ставовите на Иран дека поддржува отвореност и соработка со другите држави. Амбасадорот посочи дека Македонија и Иран имаат широки можности за соработка и дека во следниот период преку продлабочена соработка со Комисијата се надева на целокупно унапредување на односите во сферата на културата.