„АСНОМ“ од Пелинце претставен на Форумот на словенски култури во Прага

Од:

Претставници од Музејот Куманово присуствуваа на Форумот на словенски култури кој од 12-ти до 16 септември се одржа во Прага. Пред колегите од 25 музеи од 12 држави тие го претставија Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, неговата оригинална архитектура, декорација, местоположба и како објект репрезент на модерната музеологија.

– Чест беше да се претставува Македонија на овој форум. Претходно, во април годинава, беше подготвена документација со која беше прикажана конкурентноста на Меморијалниот центар „АСНОМ“. Жирито констатираше дека се исполнети условите за учество на конкурсот, изјави Богдан Таневски, директор на Кумановскиот музеј.

Наградата „Жива“ која се доделува за најдобар музеј од словенските земји годинава ја доби Музејот на емиргантите од Гдиња, Полска.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот