Заев – Данкан: Бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата

Од:

Секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и на демократијата, констатирале на денешната средба во Владата британскиот државен министер за Европа и Америка Ален Данкан и премиерот Зоран Заев.

Како што соопшти владината прес-служба, Данкан изразил поддршка за успешен референдум, како демократски начин на израз на граѓанската волја, како и за процесот на интеграции на Македонија и охрабрување за земјава да ги оствари стратешките цели. Тој додаде дека тоа е важно за Македонија, но и за целиот регион.

Премиерот Заев, пак, изразил уверување дека мнозинството граѓани ќе излезат и гласаат за евроатлантската иднина на земјата.

– Огромно мнозинство граѓани се за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, затоа што тоа ќе донесе стабилност и безбедност во државата и европски животен стандард. Јас сум уверен дека тоа ќе се преслика на претстојното гласање за референдумот. Очекувам сите политички субјекти во државата и поединци да најдат сила и дека ќе се издигнат над политичките интереси и ќе одговорат на обврската да се изјаснат на референдумот, во овој историски момент за иднината на државата, рече премиерот Заев.

На состанокот се разговарало и за други актуелни политички и безбедносни прашања на домашен и регионален план.

– Заедничка оценка е дека евро-атлантските интеграции на Македонија се придонес во регионалната стабилност и безбедност и економските перспективи за сите граѓани, стои во соопштението од средбата.

Британскиот министер за Европа и Америка Данкан денеска имаше средба и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија