Турнир во тенис за аматери „Крива Паланка – Ранковце опен“

Од:

Претстојниот викенд, 22 и 23 септември на тениските терени во Крива Паланка и Ранковце ќе се одржи првиот турнир во тенис за аматери „Крива Паланка-Ранковце опен“, а организаторите повикаа сите заинтересирани да се пријават за учество.

– Целта на турнирот кој е наменет за аматери, рекреативци и љубители на белиот спорт е да се афирмира и популаризира тенисот, бидејќи Ранковце има два нови тениски терени, Крива Паланка има едно ново тениско играчиште, а нема активни тениски клубови кои ќе го промовираат и развиваат овој спорт. Со овој турнир, на кој веќе се пријавени одолу петнаесетина учесника, од Скопје, Ќустендил, Р.Бугарија, Кратово, Куманово, ќе направиме обид да го заживееме тенисот и да го промовираме меѓу младите, истакнаа организаторите.

Одржувањето на турнирот е поддржано од двете локални самоуправи, и на Ранкове и на Крива Паланка, со поддршка на ентузијастите Игор Петровски и Горан Станковски.

Предвидено е турнирот да се одржи двата дена, паралелно, во двете општини, а пријавувањето сеуште трае. Максимален број пријавени играчи е ограничен на 32, а досега веќе над педесет отсто од планираните учесници се регистрирани.

Сите учесници ќе добијат реквизити и дел спортска опрема, а за најуспешните обезбедени се и вредносни ваучери.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ