Најмалку 30 загинати при напад врз полициската станица во Ирак

Од:

Најмалку 30 лица загинаа, а околу 70 други се ранети денеска при бомбашки напад врз полициска станица во ирачкопт град Киркук.

Директорот на службата за цивилна заштита во Киркук, бригадниот генерал Мухамед Сабир Насих за турската агенција Анадолија изјави дека нападот бил извршен со автомобил-бомба, кој експлодирал на 10 метри од полициската станица.

Според Насих, при експлозијата е урната зграда на еден мобилен оператор, која се наоѓала до полициската станица.

Веднаш по експлозијата припадниците на ирачките безбеднсни сили застрелале три лица кои со себе носеле експлозив и кои се обиделе да го искористат настанатиот хаос и да влезат во полициската станица.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак