Бразилското Министерство за одбрана, соопшти вчера дека е заинтересирано за купување руски противвоздушни одбранбени системи.
„Заинтересирани сме за купување на три батерии на проектили од средино ниво Панцир-С1 и две батерии од проектилите Игла“, изјави началникот на бразилскиот Генералштаб Хозе Карлос де Нарди.
Тој додаде дека, доколку договорот биде потпишан, во Бразил ќе биде изградена една фабрика за ракети и извршен трансфер на технологијата.
Де Нарди додаде дека можното купување на руските ракети ќе биде тема на разговор со рускиот премиер Дмитриј Медведев, кој доаѓа во посета на Бразил кон крајот на овој месец.