Нетанијаху доби мандат за формирање нова израелска влада

Од:

Израелскиот претседател Шимон Перес синоќа на актуелниот премиер Бенјамин Нетанијаху му врачи мандат за формирање нова влада на Израел, по победата на неговиот блок Ликуд-Бејтену на парламентарните избори на 22 јануари.

Согласно израелското законодавство, Нетанијаху сега има рок од 28 дена за да ја формира неговата нова влада, но се очекува составот на владиниот кабинет да биде познат многу побрзо.

Покрај, блокот Ликуд-Бејтену (Консолидација – Наш Дом), кој има 21 пратеник, во новата влада ќе партиципираат и новоформираната центристичка партија Јеш Атид (Има Иднина) на новинарот Јаир Лапид, која има 19 мандати, ектремнодесничарската партија Еврејски дом (12 пратеници) и уште три помали центристички и десничарско-религиозни партии.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан