Кери: Повлекувањето од договорот е најголем акт на неодговорност

Од:

Поранешниот државен секретар на САД Џон Кери го критикуваше денеска американскиот претседател Доналд Трамп поради одлуката да ги повлече САД од Парискиот климатски договор, наведувајќи дека тоа претставува најголем акт на неодговорност на еден американски претседател.

– Трамп се повлече од климатскиот договор, американскиот народ не, нагласи Кери, при отворањето на вториот ден од Светскиот климатски самит во Сан Франциско.

Кери изрази уверување дека одлуката на Трамп на крај ќе биде променета бидејќи, како што истакна, повеќето Американци го поддржуваат договорот за борба против климатските промени.

– Повлекувањето од договорот е најголем акт на неодговорност на еден американски претседател досега, нагласи Кери, кој го потпиша договорот во 2015 година, кога беше државен секретар во администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Како што јави МИА, Трамп во јуни соопшти дека САД се повлекуваат од климатскиот договор.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија