Руски агенти се обиделе да шпионираат швајцарска хемиска лабораторија

Од:

Двајца руски агенти биле уапсени оваа пролет во Холандија поради сомневање за шпионажа на лабораторија во Швајцарија, по што биле екстрадирани, објавија денеска швајцарскиот весник „Тагес анцајгер“ и холандскиот „Ен Ер Це Ханделсблат“, кои направија заедничка истрага за случајот.

Швајцарската разузнавачка агенција ги потврди апсењата за „Tагес анцајгер“.

Според весникот, тие биле извршени по заеднички активности на властите во Швајцарија, Велика Британија и Холандија за спречување на заговорот против лабораторијата Шпиц крај Берн, во која работат експерти за нуклеарно, биолошко и хемиско оружје.

Во таа лабораторија беа тестирани примероци од отровен гас, пуштен во Сирија, како и примероци од нервниот агенс, со кој во март во Англија беа затруени Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. „Тагес анцајгер” прецизира дека уапсените во Холандија не се исти лица осомничени од британската обвинителство како извршители на атентатот на поранешниот руски шпион.

„Тагес анцајгер“ прецизира дека уапсените во Холандија не се истите лица, осомничени од страна на британското обвинителство како сторители на атентатот врз поранешниот руски шпион.

Холандското издание тврди дека двајца Руси, кои биле уапсени во Холандија, работеле за руското воено разузнавање и поседувале „опрема за влегување во компјутерскиот систем“ на лабораторијата Шпиц. Во статијата на „Ен Ер Це Ханделсблат“ не е наведено дали имало судски процес против тие лица и какви обвиненија би можело да се поднесат против нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа