Според најновите информации добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно суви коловози. Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места.
По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.