Владата не го одобрува работењето на Мицкоски како претседател на управниот одбор на ЕЛЕМ

Од:

Владата не е задоволна од работата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како престседател на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ во 2016 година, објавено е во денешниот број на „Службен весник“.

„На д-р Христијан Мицкоски, претседател на Управен одбор не се одобрува работењето како член на Управниот одбор на Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, за период 28.9.2016 до 31.12.2016 година“, пишува во „Службен весник“.

Заедно со него Владата не им го одобри работењето ниту на Дончо Коевски, Донка Марковска, Сефедин Халити, Климент Наумовски, Ивана Николиќ, сите членови на надзорниот одбор во 2016 година.

Неодобрување на работењето има и за ексдиректорот на ЕЛЕМ и обвинет во предметот „Тарифа“, Дејан Бошковски, потоа за Александар Пауновски, Анита Стамнова, Гордана Димитиревска Кочовска, Иван Куковски и Симон Зафироски, членови на управниот одбор на ЕЛЕМ во 2016 година.

Oд Владата за „Макфакс“ велат дека на седницата на Владата од 4 септември, усвоени се годишната сметка, финансискиот извештај, годишниот извештај, консолидираната годишна сметка и консолидираниот финансиски извештај на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2016 година со извештај од независен ревизор, но не се усвоени извештаите за работењето на членовите на управниот и извршниот одбор на АД ЕЛЕМ.

„При управувањето и водењето на работењето на АД „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, во 2016 година било применувано несоодветно одржување на постојните производни капацитети, се предвидувале средства за проекти кои не спаѓале во рамките на извршување на основната дејност на Друштвото – производство на електрична енергија, а не се предвиделе средства ниту за еден нов производен капацитет, односно не се преземале значајни и суштински инвестициони активности, ниту започнале нови инвестициони проекти со цел подобро, поефикасно и пооптимално користење на ресурсите за вршење на основната дејност на Друштвото – производство на електрична енергија“, одговорија од Владата за „Макфакс“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау