ДОМ: Во чие име Агенцијата за храна води кампања за масовен влез на ГМО?

Од:

ДОМ преку соопштение ја прашува Агенцијата за храна и ветеринарство, во чие име започнала да води отворена кампања за масовен влез на ГМО.

„Благо кажано, необично звучат изјавите на првиот човек на оваа институција, со силни заложби „за“ ГМО, кога токму од него се очекува да биде на браникот за гарантирано здрава и безбедна храна, за автохтони сорти и органско производство. Каква е таа затворена дебата за ГМО, ексклузивно само за претставници од бизнис-секторот? Работите со ГМО се премногу сериозни, за паушални изјави. Сите сме потрошувачи кога се работи за храна и сите имаме право на точна информација и избор. Затоа се потребни јавни расправи отворени за сите заинтересирани“, смета ДОМ.

Партијата додава дека ГМО е една од најконтроверзните теми на денешницат, а се водат жестоки битки на милиони „за“ и „против“, a тие како зелена партија водат отворена и успешна кампања „против“ во изминатите години.

„Ако некој планира измени поврзани со ГМО, очекуваме јавно да ги каже своите аргументи и да отвори јавна дебата во која ќе се вклучиме сите. И да не се крие зад флоскулата за „европско законодавство“, зашто денес сите информации се достапни и може да се проверат и вкрстат“; смета ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски