Палмер: САД се посветени на евроатлантските аспирации на Западен Балкан

Од:

Политиката на САД кон Западен Балкан е фокусирана и посветена на помош на земјите од регионот во остварување на нивните цели за приклучување кон европските и евроатлантските институции, изјави вршителот на должноста американски заменик помошник државен секретар Метју Палмер.

– Тоа за сите земји од Западен Балкан на крајот значи членство во ЕУ. За сите балкански земји, освен за Србија, тоа значи и членство во НАТО, истакнува Палмер во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“.

Тој нагласува дека САД се обидуваат да им дадат простор на Белград и Приштина за постигнување на „најдобар можен договор“.

– Она што сакаме да го видиме е сеопфатен, локален договор, кој ќе доведе до напредок. Она што се обидуваме да направиме е да им дадеме простор на двете страни да усогласат најдобар можен договор што можат да го постигнат. Нешто што ќе биде фер, нешто што е трајно, нешто што може да се „продаде“ и во Србија и во Косово, наведува Палмер.

Тој оценува дека српските и косовските лидери треба се да им објаснат на своите народи, со цел да ја добијат неопходната поддршка за таквиот договор.

– Верувам дека ако Приштина и Белград бидат во можност да поситгнат договор за целосна нормализација на одностие, тоа ќе го намали влијанието на Москва врз Србија, истакнува Палмер во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија