Дебата: Македонија во новиот контекст на проширувањето на ЕУ

Од:

Европското движење на Република Македонија, денеска организира кафе-дебата „Европа меѓу кризите и реформите – Република Македонија во новиот контекст на проширувањето“.

Дебатата, како што соопшти ЕДРМ, се организира по повод претстојниот референдум што стирктно се поврзува со евроинтеграциската перспектива.

На дебатата ќе се дискутира за политичката клима во Европа во предвечерието на изборите за членови на Европскиот парламент, каде е видлив растечки рејтинг на крајно десните и левите партии, со осврт на новите сценарија во однос на проширувањето поврзани со евентуална промена на политичките констелации. Исто така, ќе се постават определени витални прашања поврзани со можниот почеток на претпристапните преговори на крајот од 2019 година.

На дебатата ќе говорат Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања, Ило Трајковски професор на Филозофскиот факултет при УКИМ, Блерим Река професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово, Милева Ѓуровска професор на Филозофски факултет при УКИМ и претседателка на ЕДРМ и Трпе Стојановски, професор на Факултетот за безбедност на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

На дебатата ќе присуствуваат и претставници на академската средина, амбасадори и други дипломати, претставници на Владата и на Собранието на РМ, граѓанскиот сектор и активисти на Европското движење во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната