Се зајакнуваат биосигурносните мерки на свињарските фарми во Македонија

Од:

Уште една свињарска фарма во Македонија ги засилува биосигурносните мерки за заштита од болести.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов денеска со тим експерти ја посети фармата „Агро софт“ во Велес и на сопствениците директно им укажа кои активности треба да се преземат за целосно имплементирање на заштитата.

– Од вкупно 90 комерцијални фарми на свињи во Македонија, ова е 78 кај која е извршена категоризација по ризик. Паралено се преземаат мерки за едукација на сточарите за заштита од болеста „африканска свинска чума“ која е веќе присутна во Бугарија, изјави директорот Атанасов.

Според него, болеста која досега беше типична само за африканскиот континент веќе се шири и во Европа поради што е неопходно земјава превентивно да биде подготвена за да не дозволи контаминација кај домашните фарми на свињи.

Во рамки на посетата на „Агро софт“, на сопствениците им беше презентиран и најновниот Прирачник што го изготви АХВ за подобрување на биосигурносите мерки на свињарските фарми. Прирачникот ќе биде дистрибуиран до секој сточар-одгледувач на свињи.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

АХВ: Кај девет животни е потврдено присуство на вирусот на болеста африканска свинска чума

Нов, изолиран случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица

Еден процент од фармите обработуваат 70 проценти од светското земјоделско земјиште

Жарко Настоски

Земјоделците до крајот на годинава можат да поднесат барања за легализација на фармите

Ана Ололовска