Пиштол и нож извадени во кавга во скопска детска градинка

Од:

Во Скопје во детската градинка на улица „Рокомија“, настанала вербална расправија помеѓу З.Џ.(40) и Б.З., двајцата од Скопје. По кавгата З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож.

Како што денеска во соопштение појаснуваат од МВР, на 11.09.2018 година околу 10,15 часот настанот бил пријавен, а по преземени мерки од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., а кај него бил пронајден пиштол. Б.З. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки и активности е пронајден и приведен.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје