А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бега од дебата бидејќи ќе му биде тешко да се соочи со вистината

by А1он12/09/2018 - 13:10214
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Зоран Заев.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Зоран Заев мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата, која е основно демократско средство во политиката. Оваа дебата не е само за собирање на политички поени и надмудрување помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, туку станува збор за дебата на која што ќе се разговара за суштински прашања кои задираат во идентитетот на државата и треба да му помогнат на народот да одлучи во каква Македонија сака да живее.

Не му е тешко на Заев да застане на некој митинг на кој што ќе глуми дека бара камшици, а партиските функционери ќе му аплаудираат бидејќи им дели тендери и криминални иновации. На Заев не му е тешко на митинг да лаже 30-тина активисти на СДСМ дека здравството било бесплатно во германија или дека ќе има подобри вакцини за нивните деца ако го поддржат во промената на името на државата бидејќи тие очекуваат работа и милостина од него, за да можат да преживеат.

Заев знае дека е многу потешко кога ќе се соочи со виситината за неговата капитулација и кога ќе му бидат предочени сите аргументи за злото што и го нанесува на државата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Затоа Зоран Заев се плаши од дебата. Тој е свесен за економскиот пустош и антидржавните политики кои ги спроведе.

Заев бега од одговори бидејќи не може да го оправда губењето на идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија.

Тоа е причината заради која Заев ги потценува граѓаните и смета дека тие немаат право сами да одлучат.

Капитулантското дело кое го потпиша Зоран Заев е без оправдување и на директна штета на Република Македонија, токму затоа Заев бега од дебата бидејќи не може да ја оправда штетата што и ја причини на државата.

Заев трајно ги наруши преговарачките позиција на Република Македонија, кои беа градени од страна на сите влади од независноста до сега.

Оваа влада покрај лошите меѓународни политики и нанесе и тешки удари на економијата. Повеќе од година ипол економијата тоне, граѓаните се се посиромашни, а иселувањето кое најавуваа дека ќе го запрат, не само што не го запреа, туку и го забрзаа. Граѓаните разочарани од лошите политики не гледаат перспектива во Република Македонија под власт на Заев.

Заев наместо да бега од дебати и соочување со што сака да ја сокрие својата неспособност и штетност треба да си даде оставка пред штетите што ќе и ги нанесе на државата да биде ненадоместливи“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Горан Наумовски01/11/2026 - 13:33

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он05/10/2026 - 11:41

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 11:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео