Македонската кошаркарска федерација денеска ги исплати ветените премии на членовите на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција која го освои првото место во групата во рамки на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021, соопшти МКФ.
Со три победи од вкупно четири одиграни натпревари сениорите се стационираа на првото место на табелата во групата А и се пласираа во втората фаза од претквалификациите која ќе започне да се одигрува тековната седмица, а ќе заврши во февруари идната година.
– Македонската кошаркарска федерација се надева дека наградата за постигнатиот успех ќе биде дополнителен мотив на сите членови на репрезентацијата за периодот што следи, стои во соопштението на МКФ.
Македонија в четврток му гостува на Косово, а три дена подоцна ја пречекува Романија.